МЕДИУМИТЕ НЕ СЕ „ФЕР“ КОН ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН

Еклстоун: Оставете го Хамилтон на мир

Поранешниот шеф на Ф1, Берни Еклстоун се надева дека Луис Хамилтон нема да биде избркан од спортот поради суровите критики кон трикратниот шампион

објавено: 20 март 2017 - 18:31

Возачот на Мерцедес влегува во втората декада во спортот на Австралиското ГП и оди на четврта светска титула како главен фаворит кај букмејкерите откако лани загуби од колегата Нико Розберг.

И покрај неверојатниот успех на патеката, Хамилтон рутински е мета на медиумски напади за неговиот стил на живот, но Еклстоун, кој еднаш го опиша англискиот сонародник како „најдобриот шампион кој сме го имале“, вели дека тоа ќе има лошо влијание.

„Ме загрижува можноста Луис одеднаш да каже дека нема да му кажуваат што да прави и ќе си замине. Се надевам дека тоа нема да се случи“, вели Еклстоун.

Најново во Авто-мото