ПО ДОЛГОТО ВЛАДЕЕЊЕ СО ФОРМУЛА 1

Еклстоун си заминува за неколку дена?

Британскиот „Скај спортс Ф1" тврди дека сегашниот шеф на Формула 1, Берни Еклстоун си заминува од позицијаа за неколку денови, ставајќи крај на 40-годишното владеење со најбрзиот спорт на светот

објавено: 21 јануари 2017 - 13:00

Ова доаѓа откако „Либерти медија“ го комплетираше откупот на првата за Ф1 и дека тие ќе се фокусираат на поинаков развој на спортот. Се верува дека Шон Бречес, поранешниот директор на ЕСПН ТВ-мрежата ќе ја заземе позицијата на комерцијален директор, додека Рос Браун, поранешниот шеф на Ферари и Мерцедес ќе биде одговорен за спортската страна на спортот.

Други шпекулации пак тврдат дека Еклстоун ќе биде промовиран во „доживотен претседател“ на спортот, но со малку влијание. Првите вести велеа дека Либерти сакаат Еклстоун да остане барем уште три години во некој вид на преоден период, но сега, по целосниот преглед на ситуацијата во спортот, сметаат дека може да се остварат далеку подобри комерцијални резултати.

Најново во Авто-мото