ОДЛИЧЕН ГЕСТ НА СВЕТСКИОТ ШАМПИОН

Емотивна порака на Хамилтон до Шумахер

Актуелниот светски првак во Формула 1, Луис Хамилтон објави емотивна порака посветена на најтрофејниот возач на сите времиња, Михаел Шумахер.  

објавено: 18 декември 2017 - 22:00

Актуелниот светски првак во Формула 1, Луис Хамилтон објави емотивна порака посветена на најтрофејниот возач на сите времиња, Михаел Шумахер. Британецот кој оваа сезона стигна до четвртата титула, го престигна Шумахер по бројот на пол-позиции, сега има 72, четири повеќе од Германецот. Но, Хамилтон и натаму е зад некогашниот светски шампион во однос на победите, има 62 (29 помалку).

Тој на својот „Твитер“ профил не го заборави Шумахер и му порача дека секој ден се моли за него и неговото семјество.

„Михаел, кога бев во Белгија успеав да го стигна твојот рекорд во бројот на пол-позиции. Ова остварување ми значеше многу и ми беше голема чест. Постојано се молам за тебе и твоето семејство. Продолжи да се бориш“, пиша Хамилтон.

 

Најново во Авто-мото