ГОДИНАВА ОСУМ ПАТИ ВО ИСТ ВИКЕНД ИМА ДВЕ ТРКИ

Ф1 и Мото ГП се договараат околу календарот

Рос Браун се сретна со шефот на Дорна, Кармело Езпелета за време на Шпанското ГП во Формула 1 за разговори за календарите на Формула 1 и Мото ГП

објавено: 17 мај 2017 - 22:00

Првите две трки од двата шампионати се оддржаа во ист викенд оваа година и ќе има уште шест вакви „судири“ до крајот на сезоната, вклучувајќи ја последната трка во Мото ГП во Валенсија и претпоследната во Ф1 во Бразил.

Браун, кој беше поставен од новите сопственици на Ф1, „Либерти медија“ како одговорен за спортскиот аспект на Ф1, вели дека ситуацијата не е „умна“, и додава дека во разговор со Езпелета се согласиле дека тоа треба да се избегне во иднина.

„Не сме горди од фактот што разговараме со друг шампионат за одредување на нашиот календар, но се обидуваме да имаме дијалог“, вели Браун.

Најново во Авто-мото