ПОЧЕСТ ЗА НОВИОТ СОПСТВЕНИК НА СПОРТОТ

Ф1-шефот Кери со знамето во Ле Ман

Извршниот директор и претседател на Формула 1, Чејс Кери е официјалниот стартер на 85. издание на легендарната автомобилистичка трка 24 Часа Ле Ман овој викенд

објавено: 16 јуни 2017 - 16:20

62-годишниот Американец ќе мафта со француското знаме за да означи старт на класичната трка на патеката Сарт, чест која минатата година му беше доделена на холивудскиот актер Бред Пит. Во 2015 година оваа чест ја имаше претседателот на Форд, Бил Форд, додека Стив Мекквин ја имаше честа во 1971 година, кога ја имаше главната улога во филмот „Ле Ман“.

„Со означувањето на стартот ја покажуваме новата врска меѓу Ле Ман и Формула 1“, вели претседателот на организаторите, Автомобилскиот клуб де л’ест, Пјер Фијон.

Минатата година трката се поклопи со Европското ГП во Баку, но оваа година овој судир е избегнат.

Најново во Авто-мото