КОНТРОВЕРЗИ ПРЕД СТАРТОТ НА ЗИМСКОТО ТЕСТИРАЊЕ

Ф1 тимовите без договор за суспензиите, ФИА ќе „пресече“

Стартот на новата сезона во Формула 1 е во сенка на ново техничко недоразбирање околу суспензиите, и ФИА ќе мора да ја реши дилемата пред стартот на зимското тестирање

објавено: 13 февруари 2017 - 21:45

Дебатата е околу системите за суспензија, и се одвива откако дизајнерот на Ферари, Симоне Реста напиша писмо до директорот на трки на ФИА, Чарли Вајтинг околу дилемата дали се работи за подвижен аеродинамички дел. Се верува дека Ферари бараат забрана на концептите на ривалите наместо да развиваат свој модел.

Тогаш Вајтинг одговори дека сите системи за суспензија кои ги подобруваат аеродинамичките перформанси не се дозволени, но се верува дека дел од тимовите најдоа „дупка“ во правилата и дека развиваат комплексни системи. Одлуката би требало да донесена до 27 февруари, кога започнуваат зимските тестови во Барселона.

Најново во Авто-мото