ОБЈАВЕНИ ПЛАТИТЕ ЗА 2017

Ф1 возачите повторно ќе заработуваат милиони

По шокантното заминување на светскиот шампион Нико Розберг од Ф1 имаше доста промени, по што се променија и сумите кои возачите ќе ги заработуваат во 2017

објавено: 14 февруари 2017 - 21:00

Најмногу ќе заработуваат повторно тројцата најдобри возачи - Фернандо Алонсо, Луис Хамилтон и Себастијан Фетел. Алонсо, кој е во последната година од договорот со Мекларен, има 40 милиони долари заработувачка (вклучувајќи ги бонусите), Луис Хамилтон ќе добие 31 милион долари од Мерцедес за претпоследната година од неговиот договор (без бонуси), додека Себастијан Фетел ќе однесе дома 30 милиони долари за последната сезона со Ферари (исто така без бонуси).

Новиот возач на Мерцедес, Валтери Ботас ќе добие плус со трансферот во „Сребрената стрела“, со околу 8.5 милиони долари, сума која може да биде и поголема во однос на резултатите. Фелипе Маса по кам-бекот во Вилијамс ќе добие 5 милиони долари, додека Нико Хулкенберг со трансферот во Рено ќе добие 5 милиони долари.

Ф1 ПЛАТИТЕ ЗА 2017

1.Фернандо Алонсо (Мекларен) 40 милиони $ (со бонуси)

2.Луис Хамилтон (Мерцедес) 31 милиони $ (без бонуси)

3.Себастијан Фетел (Ферари) 30 милиони $ (без бонуси)

4.Валтери Ботас (Мерцедес) 8.5 милиони $ (без бонуси)

5.Кими Раиконен (Ферари) 7 милиони $ (без бонуси)

6.Даниел Рикијардо (Ред Бул) 6.5 милиони $ (без бонуси)

7.Фелипе Маса (Вилијамс) 5 милиони $

8.Нико Хулкенберг (Рено) 3 милиони $

9.Макс Ферстапен (Ред Бул) 3 милиони $ (без бонуси)

10.Серхио Перез (Форс Индија) 2.5 милиони $

11.Роман Грожан (Хас) 1.5 милиони $

12.Кевин Магнусен (Хас) 1 милион $

13.Џолион Палмер (Рено) 1 милион $

14.Данил Квјат (Торо Росо) 750.000 $

15.Карлос Саинц (Торо Росо) 750.000 $

16.Штофел Фандорне (Мекларен) 300.000 $ (без бонуси)

17.Маркус Ериксон (Заубер) 285.000 $

18.Естебан Окон (Форс Индија) 185.000 $

19.Паскал Верлајн (Заубер) 150.000 $

20.Ленс Строл (Вилијамс) не е познато

Најново во Авто-мото