ЕДНА РЕЧЕНИЦА ПРОМЕНИ МНОГУ РАБОТИ

Фановите на Шумахер повторно имаат причина за да веруваат во чудо

„Во овој момент, планираме болидите, шлемовите и оделата на Михаел Шумахер да ги изложиме во музејот кој планираме да го отвориме во чест на неговите успеси", изјави Сабине Ким.

објавено: 9 октомври 2017 - 19:00

Многумина фанови на Михаел Шумахер одамна ја загубија вербата дека седумкратниот шампион во Формула 1, повторно ќе биде оној стариот. Но, надежта дека легендарниот возач сепак би може да се оправи оживеа, благодарение на неговата менаџерка, Сабине Ким.

„Во текот на својата кариера Михаел сочува голем дел од своите болиди, одела и шлемови. Во овој момент планираме да ги претставиме на јавноста во музејот кој спланираме да го отвориме во чест на неговите успеси", изјави Ким, која веднаш ја разбуди фантзазијата на бројните фанови на Шумахер, кои веруваат дека токму на овој начин во процесот на рехабилитација и дека тој може да се опорави да биде оној стариот.

Фантазијата и шпекулирањето со информации е единствената работа која им преостана на фановите на Шумхаер, бидејќи неговото семејство во голема тајност ги чува сите детали поврзани со неговата здравствена состојба.

Шумахер кој има најмногу итуитули во истотијата на Формула 1, тешката несреќа ја доживеа на крајот на 2013 година во Франција. Гермнаскиот возач шест месеци беше во кома, според некои информации тој и натаму е неподвижен и не може да зборува. За него се гржи цел лекарски ти во неговиот дом во Швајцарија.

Најново во Авто-мото