ШАМПИОНОТ НА ЕЛЕКТРИЧНИ БОЛИДИ СТАНУВА МНОГУ ВАЖЕН

Ферари „мораат“ да бидат во Формула Е

Генералниот директор на Ферари, Серџо Маркионе вели дека неговиот бренд мора да биде присутен во Формула Е шампионатот на електрични болиди

објавено: 31 март 2017 - 16:15

Маркионе прво најави дека Ферари се заинтересирани за шампионатот на електрични болиди минатиот ноември, а сега тврди дека интересот е реален. БМВ стана официјален производител во Формула Е за 2018 година, додека Ауди, Рено, Јагуар и Ситроен се вклучени во спортот. Мерцедес исто така обезбедија место како 11. тим за сезоната 2018/19.

„Мораме да бидеме вклучени во Формула Е бидејќи електрификацијата преку хибридизација на моторите е дел од нашата иднина. Не може да се избега дека овие регулативи не поставија под притисок, но можеме да стигнеме до целта. Веќе имаме еден хибриден супер-автомобил, Ла Ферари, а во иднина Ферари ќе ги користи овие технологии“, вели Маркионе во интервју за „Ауто“ магазинот на ФИА.

Најново во Авто-мото