ОБЈАВЕНИ СУМИТЕ КОИ ТИМОВИТЕ ГИ ДОБИВААТ

Ферари сè уште земаат најмногу пари!

Ферари ќе добијат најголем дел од „колачот" при распределбата на комерцијалните средства за сезоната 2016, и покрај тоа што завршија на третото место во генерален пласман

објавено: 8 мај 2017 - 16:48

На стартот на секоја сезона, Формула 1 менаџментот (ФОМ) ги доделува парите според три извори - пари кои патеките ги даваат за организирање на трките, медиумските права и другите извори на ФОМ. За 2017 се очекува промет од 1.83 милијарди долари, со 1.38 милијарди профит, од кој 68% се даваат на тимовите.

Сумата од 940 милиони долари е за 3.5% помала од лани поради зголемените трошоци за маркетинг според новите планови на сопствениците „Либерти медија“ и намалување на бројот на трки од 21 на 20. Парите ги добиваат 10-те Ф1 тима во девет месечни рати од април до последната сума во март 2018.

Ферари, Мерцедес, Ред Бул и Мекларен имаат посебни договори со бонус за нивниот историски статус, слично како и Вилијамс. Ред Бул добиваат бонус бидејќи беа првиот тим кој потпиша ваков договор (до 2020).

Ферари ќе добијат 180 милиони долари, речиси една петина од вкупната сума (но 12 милиони долари помалку од лани), што е на пример 108 милиони долари помалку од тимот на Форс Индија и покрај тоа што тие беа четврти во генерален пласман. Мерцедес освои двојна титула трета година во низа, но ќе добие 9 милиони долари помалку од Ферари. Доколку сите тимови би добивале иста сума, би добиле по 94 милиони долари.

ИСПЛАТА НА ТИМОВИТЕ ЗА СЕЗОНАТА 2016

1.Ферари 180 милиони $

2.Мерцедес 171 милиони $

3.Ред Бул 161 милиони $

4.Мекларен 97 милиони $

5.Вилијамс 79 милиони $

6.Форс Индија 72 милиони $

7.Торо Росо 59 милиони $

8.Рено 52 милиони $

9.Заубер 49 милиони $

10.Хас 19 милиони $

Најново во Авто-мото