легендарниот ф1 тим го претстави новиот болид

Ферари создаде „ѕвер“ и по 10 години конечно сака титула

Многу внимание на овој болид се има посветено на аеродинамичноста на страничните делови, а во споредба со претходниот модел, а овој има и зголемен систем на ладење

објавено: 23 февруари 2018 - 10:10

Легендарниот Формула 1 тим на Ферари точно 10 години чека да се израдува на титула во најбрзиот спорт во светот. Низ децениите поминати во Формула 1, Ферари стана синоним за овој спорт, но сега е во голема криза и веќе 10 години не може да се врати на тронот. 

Ферари го претстави новиот болид за 2018 година, со кој се надева ека ќе биде најбрз на патеките. Моделот го носи името СФ-17Х и го промовираа двајцата возачи Себастијан Фетел и Кими Раиконен. Најавено е дека новиот болид е спој на традицијата која го има овој бренд и на новите трендови. 

Многу внимание на овој болид се има посветено на аеродинамичноста на страничните делови, а во споредба со претходниот модел, а овој има и зголемен систем на ладење. Ферари се надева дека ова е болидот со кој ќе може да му парира на Мерцедес. 

„Изгледа убаво , а кога изгледа убаво, тоа значи дека има и брзина“, рече Раиконен на промоцијата.  

Најново во Авто-мото