РЕД БУЛ НАЈБРЗИ НА СТАРТОТ ВО АЗЕРБЕЈЏАН

Ферстапен најбрз во Баку и покрај судирот

Макс Ферстапен беше најбрзиот возач во двете тренинг-сесии пред Азербејџанското ГП во Баку, иако крајот на втората сесија ја заврши в ѕид!

објавено: 23 јуни 2017 - 16:41

Влажната патека во Баку повторно предизвика многу прекини на тренинг-сесијата, прво откако Џолион Палмер со Рено удри во ѕидот, така што тимовите не можеа да ги одработат предвидените симулации на трки.

Асот на Ред Бул, Ферстапен на крајот беше за точно една десетинка од секундата побрз од Валтери Ботас во Мерцедес, но и тие двајца имаа проблеми со контролата на болидите на патеката. Даниел Рикијардо беше трет за Ред Бул пред Кими Раиконен во Ферари, додека во второто Ферари, Себастијан Фетел беше само шести откако имаше големи проблеми со осмата кривина на патеката, излегувајќи од патеката неколку пати.

Луис Хамилтон беше само десетти за Мерцедес и за малку ќе се судреше со Кими Раиконен, кој го претекна на првата кривина.

Мизерната сезона за Мекларен продолжи, откако болидот на Фернандо Алонсо откажа пред крајот на сесијата. Тој веќе доби голема казна од 15 места поради промена на моторот.

Најново во Авто-мото