МАЛКУ ЧУДНО РАЗМИСЛУВАЊЕ НА ЕКС-ШАМПИОНОТ

ФЕТЕЛ ДО КОЛЕГИТЕ: Не 'плачете' што нема претекнувања

Германскиот возач вели дека сите оние кои се жалат на новата ситуација во Формула 1 треба да се смират...

објавено: 11 декември 2017 - 21:15

Пред некој ден производителот на пневматици „Пирели" објави податоци за неодамна завршената сезона во Формула 1 шампионатот, а каде во преден план е поставен заклучокот дека од воведувањето на ДРС од 2011 година, имало најмал број на претекнувања.
„Пирели" регистрале вкупно 435. претекнувања што е пад од цели 49% вооднос на 2016 година кога имало 866.

„Желбата за следната сезона е сите да се смират. Некои трки се здодевни, па што ако? Јас не гледам каде е тука проблемот"- вели Себастијан Фетел.

Второпласираниот во оваа сезона, зад шампионот Луис Хамилтон, вели дека претекнувањата и не се толку потребни.

„Мислам дека не ни е потребен некој нов рекорд на секоја трка на која би имало и повеќе претекнувања. Вистина е дека понекогаш претекнувањето станува здодевно. Особено кога сте зад групата водечки, а не можете да ги поминете иако сте побрзи од таа група. Сакам само да кажам дека претекнувањето треба да биде достигнување, а не подарок" - додава четирикратниот светски шампион во Ф 1.

Најново во Авто-мото