ГЕРМАНЕЦОТ НЕ Е ТАКА „ЛАДЕН"' КАКО ШТО ДЕЛУВА

ФЕТЕЛ Е ГОСПОДИН: Луис беше подобар цела сезона, заслужи!

Возачот на Ферари му честита на својот најголем ривал Луис Хамилтон на одбранетата титула во шампионатот на Формула 1

објавено: 29 октомври 2018 - 16:00

Хамилтон го осигура својот шампиоски пехар и оваа сезона со освојуавњето на четвртото место на Големата награда на Мексико, на две трки пред крајот.

После 19 трки, возачот на Мерцедес има 358 бодови, а неговиот прв пратител Себастијан Фетел „само" 294.

„Возеше сјајно во текот на целата година. Беше подобар од мене. Му реков дека ја заслужи титулата, да ужива во моментот и да продолжи така и следната сезона, да биде најдобар што може за повторно да се бориме"- изјави Германецот во болидот на Ферари.

Сега Хамилтон има пет шампионски титули, исто како и Хуан Емануел Фанџо. Пред него е уште само легендарниот Германец, Михаел Шумахер со седум.

„Пет титули, тоа е нешто неверојатно. Ова е тежок момент за мене... Сфаќаш дека веќе немаш можност да ја освоиш титулата... Но, сега е на нас, да ја научиме лекцијата и да донесеме вистински заклучоци. Имаме талентиран тим. Ќе пробаме да го победиме Мерцедес во конкуренција на конструкторите"- заклучи Фетел кој има четири шампионски титули.

До крајот на сезоната се уште две трки, во Бразил и во Обединетите Арапски Емирати. Првата е на програмата на 11. ноември во Сао Паоло.

Најново во Авто-мото