ФАНТАСТИЧНА ПОБЕДА ОД РЕФЛЕКТОРИ НА АСОТ НА ФЕРАРИ

Фетел е пустинската лисица!

На Луис Хамилтон му се исполни „желбата". Себастијан Фетел триумфираше на Бахреин ГП трката за втор триумф оваа сезона и за промовирање во вистински кандидат за светската титула, пред Хамилтон

објавено: 16 април 2017 - 18:39

Фетел имаше одличен старт во кој го помина Хамилтон, за потоа со умна стратегија и прво влегување во боксот да заврши и пред вториот возач на Мерцедес, освојувачот на пол-позицијата, Валтери Ботас.

И покрај тоа што во последните 10-тина круга зад него , Хамилтон опасно му се добложуваше, Фетел стигна до втора победа во 2017 по таа во Австралија и се зацврсти на првото место во генерален пласман.

Зад него беа двајцата возачи на Мерцедес, Хамилтон и Ботас, додека топ 5 го комплетираше Кими Раиконен во второто Ферари и Даниел Рикијардо во Ред Бул, кои потфрлија со брзината и со откажувањето на Макс Ферстапен.

 

Фетел по одличниот старт прво го „демнеше“ Ботас, пред од Скудерија да направат клучна одлука и бргу да го внесат во боксот. Мерцедес на ова не одоворија, но неколку кругови подоцна беа приморани да влезат кога Карлос Саинц (Торо Росо) се удри во Ленс Строл (Вилијамс) на првата кривина.

Хамилтон не само што мораше да го чека Ботас за влегувањето во боксот, туку и го заддржа Рикијардо зад него, за што доби казна од пет секунди. По излегувањето, Фетел со супер-меки гуми направи клучна предност.

Фетел водеше до 33. круг, кога влезе во боксот и Хамилтон стана лидер. Меѓутоа тој мораше повторно во боксот каде што ја отслужи и казната од 5 секунди.

 

БАХРЕИН ГП

1.Себастијан Фетел (Ферари) 1:33:53.373

2.Луис Хамилтон (Мерцедес) +6.660

3.Валтери Ботас (Мерцедес) +20.397

4.Кими Раиконен (Ферари) +22.475

5.Даниел Рикијардо (Ред Бул) +39.346

6.Фелипе Маса (Вилијамс) +54.326

7.Серхио Перез (Форс Индија) +1:02.606

8.Роман Грожан (Хас) +1:14.865

9.Нико Хулкенберг (Рено) +1:20.188

10.Естебен Окон (Форс Индија) +1:35.711

11.Паскал Верлајн (Заубер) +1 круг

12.Данил Квјат (Торо Росо) +1 круг

13.Џолион Палмер (Рено) +1 круг

14.Фернандо Алонсо (Мекларен) +1 круг

НЕ ЗАВРШИЈА

15.Маркус Ериксон (Заубер)

16.Карлос Саинц Јуниор (Торо Росо)

17.Ленс Строл (Вилијамс)

18.Макс Ферстапен (Ред Бул)

19.Кевин Магнусен (Хас)

20.Штофел Фандорне (Мекларен)

 

ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН

ВОЗАЧИ

1.Себастијан Фетел (Ферари) 68

2.Луис Хамилтон (Мерцедес) 61

3.Валтери Ботас (Мерцедес) 38

4.Кими Раиконен (Ферари) 34

5.Макс Ферстапен (Ред Бул) 25

6.Даниел Рикијардо (Ред Бул) 22

7.Фелипе Маса (Вилијамс) 16

8.Серхио Перез (Форс Индија) 14

9.Карлос Саинц (Торо Росо) 10

10.Роман Грожан (Хас) 4

11.Кевин Магнусен (Хас) 4

12.Естебан Окон (Форс Индија) 3

13.Нико Хулкенберг (Рено) 2

14.Данил Квјат (Торо Росо) 2

КОНСТРУКТОРИ

1.Скудерија Ферари 102

2.Мерцедес АМГ 99

3.Ред Бул Таг Хојер 47

4.Форс Индија Мерцедес 17

5.Вилијамс Мерцедес 16

6.Скудерија Торо Росо Рено 12

7.Хас Ферари 8

8.Рено Ф1 2

9.Заубер Ферари 0

10.Мекларен Хонда 0

Најново во Авто-мото