ФЕРАРИ ЌЕ СТАРТУВА ОД ПРВОТО МЕСТО, МЕРЦЕДЕС ДАЛЕКУ

Фетел ги победи Ред Бул за пол-позицијата во Сингапур

Себастијан Фетел ќе оди на петта победа на Сингапур ГП трката од пол-позицијата, откако успеа да ги победи двата болиди на Ред Бул на Макс Ферстапен и Даниел Рикијардо во сесија која беше многу тешка за Мерцедес

објавено: 16 септември 2017 - 16:23

Ферстапен имаше фантастичен прв круг, но не успеа да го подобри времето на Фетел во вториот обид, дозволувајќи му на германскиот возач на Ферари да ја освои четвртата пол-позиција на уличната патека Марина Беј. Даниел Рикијардо беше само неколку стотинки зад својот колега, пред вториот возач на Ферари, Кими Раиконен.

Мерцедес имаа напорен ден во Сингапур, откако лидерот во генерален пласман Луис Хамилтон беше петти, додека Валтери Ботас го освои шестото место. И пред трката се очекуваше дека моторите на Мерцедес нема да носат предност на уличната патека. Веднаш зад нив неочекувано беа возачите на Мекларен, Фернандо Алонсо и Штофел Фандорне.

Неделната трка почнува во 14 часот по македонско време под рефлектори.

Најново во Авто-мото