БРИТАНЕЦОТ ОСТАНА НЕДОСТИЖЕН ВО ТРКАТА ЗА ТИТУЛАТА

ФЕТЕЛ ГО ПРИЗНА ПОРАЗОТ: Хамилтон беше подобар, следната година друга приказна

Возачот на Ферари му честиташе на Луис Хамилтон за освојувањето на шампионската титула во Формула 1, но нагласи дека следната сезона очекува друг епилог.

објавено: 30 октомври 2017 - 15:20

Не успеа Себастијан Фетел да ја продолжи неизвесноста во Формула 1 шампионато. Се беше добро за него на гостувањето во Мексико Сити.

Со фуриозно возење стигна до пол-позицијата. Тргна како прв на трката во коај требаше да победи. Но на крајот, Германецот дојде само до четвртото место по што остана без теоретски шанси на две рунди пред крајот да дојде до својот петти наслов на светски првак.
Таа почест ја доби Луис Хамилтон.

„Тешко е да се премине линијата на целта со сознанието дека веќе не сте во борба за титулата. То ја сумира целата работа. Сето друго и не е толку важно. Важно е дека ова е ден на Луис, стана шампион во Формула 1, и тој го заслужува тоа. Би сакал да го победев, но ова беше негов ден, негова година. Разочарани сме, но следната година приказната ќе биде поинаква зато што сите почнуваме повторно. Сега треба да му се оддаде признание на најдобриот, а тоа е тој. Вкупно, Хамилтон беше подобар, подобро ја заврши работата, тоа е едноставно" - кажа Фетел по неуспехот во Мексико каде победи Макс Ферстапен од Ред бул, но ја одбележа „судирот" на Фетел со Хамилтон, што и ги чинеше подобри позиции во крајниот поредок на трката.

„Не стравувам од Хамилтон, туку сакам да се натпреварувам со него. Жал ми е што оваа година немаше повеќе вакви моменти. Но ако се земе в предви се, неговата екипа беше подобра"- заклучува германскиот возач во Ферари.

Најново во Авто-мото