ГЕРМАНЕЦОТ ПОБЕДИ И СЕ ЗАЦВРСТИ НА ПРВОТО МЕСТО

Фетел и Ферари го обоија Монако во црвено!

Себастијан Фетел го помина својот колега од Ферари, Кими Раиконен преку влегувањето во боксот и забележи победа на Монако ГП трката, прва за Скудерија на патеката од 2001 година за да се зацврсти на првото место во генерален пласман

објавено: 28 мај 2017 - 15:50

Раиконен можеби ја стартуваше трката од пол-позицијата, но Фетел со подобра стратегија успеа да го помине преку влегувањето во боксот и Германецот на крајот славеше пред Раиконен и пред возачот на Ред Бул, Даниел Рикијардо, кој исто така имаше добра стратегија за влегување во боксот.

Мерцедес по подолго време ги имаа двата болиди на патеката, но не и на подиумот, откако Валтери Ботас заврши како четврти, а Луис Хамилтон само како седми по катастрофалните квалификации во саботата.

 

На стартот Раиконен остана на врвот откако првпат во историјата немаше инцидент на Сент Девот кривината, а Фетел успеа да се одбрани од Валтери Ботас во Мерцедес. Овој распоред остана до влегувањата во боксот, кои ги започна Макс Ферстапен во Ред Бул во 32. круг.

Раиконен беше внесен во боксот во 34. круг, враќајќи се пред Ботас и Ферстапен, но Фетел остана на патеката уште пет круга, поставувајќи најдобар круг во процесот. Четирикратниот шампион се врати пред својот колега од Ферари и направи разлика од 10 кругови пред да излезе безбедносното возило во 61. круг кога Џенсон Батон и Паскал Верлајн имаа необичен инцидент на Портие.

Кога трката продолжи во 67. круг, Фетел се одвои од Раиконен за своја трета победа оваа сезона со разлика од 3.145 секунди.

Хамилтон сега има заостанување од 25 поени (или една победа на трка) зад Фетел, додека Ботас заостанува уште 29 поени. Мерцедес исто така го загуби лидерското место кај конструкторите, комплетирајќи совршен викенд за Ферари.


МОНАКО ГП

1.Себастијан Фетел (Ферари) 1:44:44.340

2.Кими Раиконен (Ферари)   +3.145

3.Даниел Рикијардо (Ред Бул) +3.745

4.Валтери Ботас (Мерцедес) +5.517

5.Макс Ферстапен (Ред Бул) +6.199

6.Карлос Саинц Јуниор (Торо Росо) +12.038

7.Луис Хамилтон (Мерцедес) +15.801

8.Роман Грожан (Хас) +18.150

9.Фелипе Маса (Вилијамс) +19.445

10.Кевин Магнусен (Хас) +21.443

11.Џолион Палмер (Рено) +22.737

12.Естебан Окон (Форс Индија) +23.725

13.Серхио Перез (Форс Индија) +39.089

14.Ленс Строл (Вилијамс) +7 круга

15.Данил Квјат (Торо Росо) +7 круга

НЕ ЗАВРШИЈА

16.Штофел Фандорне (Мекларен) +12 круга

17.Маркус Ериксон (Заубер) +15 круга

18.Паскал Верлајн (Заубер) +21 круга

19.Џенсон Батон (Мекларен) +21 круга

20.Нико Хулкенберг (Рено) +63 круга

 

ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН

ВОЗАЧИ

1.Себастијан Фетел (Ферари) 129

2.Луис Хамилтон (Мерцедес) 104

3.Валтери Ботас (Мерцедес) 75

4.Кими Раиконен (Ферари) 67

5.Даниел Рикијардо (Ред Бул) 52

6.Макс Ферстапен (Ред Бул) 45

7.Серхио Перез (Форс Индија) 34

8.Карлос Саинц Јуниор (Торо Росо) 25

9.Фелипе Маса (Вилијамс) 20

10.Естебан Окон (Форс Индија) 19

12.Роман Грожан (Хас) 9

13.Кевин Магнусен (Хас) 5

14.Паскал Верлајн (Заубер) 4

15.Данил Квјат (Торо Росо) 4

КОНСТРУКТОРИ

1.Скудерија Ферари 196

2.Мерцедес АМГ 179

3.Ред Бул Рејсинг ТАГ Хојер 97

4.Форс Индија Мерцедес 53

5.Скудерија Торо Росо Рено 29

6.Вилијамс Мерцедес 20

7.Рено Ф1 14

8.Хас Ферари 14

9.Заубер Ферари 4

10.Мекларен-Хонда 0

 

 

Најново во Авто-мото