ЛИДЕРОТ ВО ФОРМУЛА 1 ГО ПРОДОЛЖИ ДОГОВОРОТ

Фетел и Ферари уште три години заедно – до 2020!

Германецот ќе го „јава" популарното „црно коњче" и во уште долго време откако денеска ја продолжија соработката...

објавено: 26 август 2017 - 14:00

Себастијан Фетел и „Ферари", тоа е љубов која ќе потрае, барем уште три години.

Тоа е епилогот на долготрајните преговори на двете страни, по кој Германецот ќе може да продолжи со атака на титулата светски првак, а има и реални шанси за тоа ако се земе в предвид дека во овој момент е прв во генералниот пласман.


Фетел е дел од Скудерија Ферари од 2015 година, и за прв пат има шанса да му донесе на „црното коњче" и возачка титула која се чека уште од 2007 година.
Пред Фетел, „Ферари" имаше слична шанса во 2012 година, кога Фернандо Алонсо се бореше за највисокото место во Формула 1, токм,у против Фетел.
Претходно „Ферари" го продолжи договорот и со Кими Раиконен, кој во овој момент на е четвртото место во генералниот пласман.

 

Најново во Авто-мото