СОМНЕЖ ВО ОДЛУКАТА НА СТЈУАРДИТЕ

Фетел и Рикијардо сигурни во пребрзиот старт на Ботас

Себастијан Фетел вели дека уште верува дека Ботас имал предвремен старт, но прифаќа дека стјуардите на трката се тие кои ја одредуваат легалноста

објавено: 9 јули 2017 - 22:10

„Од мојата гледна точка, тој имаш пребрз старт и бев сигурен во тоа. Така изгледаше од болидот, но тоа не значи ништо. Јас имав лош старт од друга страна. Што мислам со пребрз старт? Па, неговата реакција беше нехумана“, изјави Фетел.

Ботас вели дека ова бил неговиот најдобар старт во кариерата.

„Мислам дека ова беше најдобриот старт што сум го имал. Важно е кога болидот се движи дали светлата се зелени. Секако дека има малку коцкање со реакцијата и понекогаш нема да успееш, но денеска имав добра реакција. На крајот на трката имав дежа-ви од Русија. Фетел беше брз зад мене, а гумите не беа најдобри“, вели Ботас.

 

Даниел Рикијардо, кој стартуваше директно зад Ботас, исто така се согласува дека изгледало дека тој имал предвремен старт.

„Секогаш има прозорец за реакција, но овојпат чекавме предолго за светлата, и на крајот тој имаше среќа. Мене ми се случи тоа еднаш во Ф3-трка, но тоа не е природна реакција. Не верувам дека реагираше на светлата. Имаше малку среќа“, вели Рикијардо.

Најново во Авто-мото