ФЕРАРИ ИМА ПРЕДНОСТ

Фетел ќе тргне прв во Баку, Хамилтон е веднаш до него

Себастијан Фетел стигна до својата 53. пол-позиција во кариерата откако попладнево беше најбрз во квалификациите за ГН на Азербејџан, 

објавено: 28 април 2018 - 16:39

Лидерот во генералниот пласман вчера имаше ужасен ден, но денеска беше извонреден. Уште на третиот слободен тренинг Себастијан Фетел најави дека проблемите се зад него,  и дека е подготвен да оди на победа во квалификациите.

Германецот попладнево извозе без грешка и стигна до пол-позицијата. Во третиот дел од квалификациите постави време од 1:41.498 кое беше недостижно за ривалите. Најблиску до неговото постигнување стигна Луис Хамилтон, кој забележа време од 1:41.677. додека пак  вториот ред ќе се најдат Валтери Ботас и Даниел Рикиардо.

 

Најново во Авто-мото