ПО НЕОЧЕКУВАНАТА ДОМИНАЦИЈА НА ТРЕНИНЗИТЕ ВО СЕПАНГ

Фетел: Можеме да бидеме и побрзи

Себастијан Фетел доминираше на петочните тренинзи пред Малезиското ГП, за по нив да изјави дека очекува Ферари да биде уште побрз на саботните квалификации и на неделната трка

објавено: 30 септември 2017 - 08:00

Фетел го сруши рекордот на патеката во Сепанг поставувајќи најдобро време на двата петочни тренинзи и поставувајќи притисок на возачите на Мерцедес. Фетел имаше време од 1:31.261 на 5.543 километри долгата патека во симулации на квалификации за да го сруши стариот рекорд од 1:32.500 поставен од Фернандо Алонсо во далечната 2005 година.

Уште позначајно, Кими Раиконен во второто Ферари беше втор најбрз со шест десетинки послабо време. По нив следуваа болидите на Ред Бул на Даниел Рикијардо и Макс Ферстапен, додека Мерцедес имаа фрустрирачки ден - Хамилтон беше шести пред Валтери Ботас. Хамилтон беше само 10. во поголем дел од сесијата.

„Ќе видиме што ќе направиме утре, бидејќи ова е само петочен тренинг, кога се обидувате со поинакви работи на болидот. Би требало да имаме уште подобар болид на квалификациите“, вели Фетел.

Најново во Авто-мото