ГЕРМАНЕЦОТ ВЕЛИ ДЕКА ФЕРАРИ Е „НЕШТО УНИКАТНО“

Фетел: Не размислував многу за новиот договор

Себастијан Фетел вели дека не размислувал многу за продолжувањето на договорот со Ферари, ставајќи крај на повеќе месеци шпекулации

објавено: 30 август 2017 - 21:30

Ферари на Белгиското ГП открија дека Фетел, кој дојде со првичен тригодишен договор од Ред Бул во 2015 година, сега има договор до 2020 година. Според Фетел, во Ферари има „нешто уникатно“, што само ја зголемило неговата желба да остане дел од тимот до стартот на следната деценија.

„Го сакам овој тим, ги сакам луѓето кои работат за брендот. Мислам дека за повеќе тимови е ситуацијата иста, но Ферари е нешто уникатно, има нешто што го нема на друго место. Луѓето зборуваат за легендите, но за мене легендата е жива поради луѓето кои работаат секој ден. Ако шетате по улиците во Маранело, присуството на Ферари е насекаде. Страста за брендот е неверојатна. Благодарен сум што сум дел од ова семејство. Не размислував многу за договорот. Не ги остваривме нашите цели, но сега работите изгледаат подобро“, вели Фетел.

Најново во Авто-мото