АСОТ НА ФЕРАРИ ВЕЛИ ДЕКА ИМААТ МОЌЕН БОЛИД ЗА СИТЕ ПАТЕКИ

Фетел: Нема да не сопре рускиот студ

Лидерот во генерален пласман, Себастијан Фетел не верува дека постуденото време во Сочи ќе влијае на неговите шанси за трета победа во првите четири трки од сезоната

објавено: 21 април 2017 - 18:00

Со победите во Австралија и Бахреин, Фетел и Ферари водат во генерален пласман, и шпекулациите велат дека СФХ70 болидот е подобар на „жешките“ патеки. Меѓутоа, Фетел вели дека второто место зад Луис Хамилтон во Шангај покажува дека тие имаат силен болид за сите патеки.

„Не верувам дека ќе имаме проблеми во Русија, бидејќи во Кина беше студено и бевме ОК. На сите трки досега бевме конкурентни, но секој круг тестирање и возење е важен. Ова се нови болиди со многу нови карактеристики и не ги знаеме сите тајни“, вели Фетел.

Најново во Авто-мото