И ПОКРАЈ ПОРАЗОТ ВО СПА

Фетел: Нема страв на ниту една патека

Лидерот во генерален пласман, Себастијан Фетел вели дека Ферари веќе нема патеки на кои треба да стравува до крајот на сезоната откако го предизвикаа Мерцедес на Белгиското ГП

објавено: 28 август 2017 - 19:30

Откако шефот на Мерцедес, Тото Волф призна дека бил изненаден што Фетел успеа да го предизвика Хамилтон на патеката во Спа, која на хартија требаше да ја потенцира огромната предност на моторот на „Сребрената стрела“, Фетел додава дека позитивната работа е брзината покажана во Белгија.

„Болидот беше многу добар. Не сменивме многу работи во споредба со Силверстоун, што покажува дека таму имавме лош викенд, но и дека болидот е многу подобрен, посебно кога се работи за максималната брзина. Во Силверстоун бевме на секунда зад Мерцедес, така што ова е огромен чекор напред. Мислам дека сме на вистински пат и дека нема патека на која треба да стравуваме отсега“, вели Фетел.

Најново во Авто-мото