ПОЗНАНСТВОТО ПОЧНУВА УШТЕ ВО 1999 ГОДИНА

Фетел повтори дека го почитува Хамилтон

Себастијан Фетел вели дека го забележал потенцијалот на својот главен ривал Луис Хамилтон кога првпат се сретнаа возејќи картинг

објавено: 9 август 2017 - 18:30

И покрај тоа што тие двајца имаат освоено седум од последните девет светски титули, ова е првпат Фетел и Хамилтон „вистински“ да се најдат во дуел за титулата. Двајцата беа ценети во јуниорските категории но имаа поинаков влез во Ф1 - Хамилтон победи во ГП2 серијата во 2006 пред да дојде во Мекларен, додека Фетел водеше во Формула Рено 3.5 шампионатот во 2007 кога беше повикан да го замени повредениот Роберт Кубица во БМВ.

Во интервју со поранешниот колега од Ред Бул, Марк Вебер, Фетел беше запрашан кога првпат помислил дека Хамилтон е иден Ф1-шампион.

„Се сеќавам на 1999 година, кога тој беше трет во Европскиот шампионат во картинг. Луѓето од тимот со кој се тркав веруваа дека се работи за голем талент. Тогаш се гледаше дека ги има резултатите. Можете да имате среќа еден ден, или неколку месеци, но не цела сезона“, вели Фетел.

Фетел има 14 поени предност пред Хамилтон пред летната пауза во шампионатот со девет трки до крајот на сезоната во Абу Даби во ноември.

„Луис е екстремно брз, екстремно талентиран и знае што прави. За него не е голем предизвик да вози брзо. Секогаш е таму, но не непобедлив“, предупреди Германецот.

Најново во Авто-мото