ГЕРМАНЕЦОТ ВО „НЕРВОЗНА ФАЗА"

Фетел сака разговор во четири очи со Ферстапен

Возачот на Ферари вели дека сака во приватен разговор, а не во јавноста да водат војна со зборови околу дефанзивниот стил на возење на младиот Холанѓанец...

објавено: 8 октомври 2018 - 16:00

Германскиот возач смета дека неговиот колега од Ред бул бил премногу агресивен во своите обиди да го задржи третото место на Големата награда на Јапонија, кога дојде до пресметка меѓу нив во девттиот круг.

Претходно Ферстапен имаше „блиска средба" и со Кими Раиконен, кој го исфрли од патеката, а поради тоа Фетел смета дека е потребно да разговара со холандскиот возач.

„Брз е, но тоа не помогна во моментото и како се врати на патеката, директно на Кими. Не сакам ова на крајот да биде протолкувано како: Себ го вели ова, Макс го кажува она... Ќе разговарам со него за тоа кога ќе биде вистинското време. Но со оглед на тоа дека ми се поставени и вакви прашања, морам да одговарам на нив"- истакна Фетел.

Трката на легендарната „Сузука" Ферстапен ја заврши на третото место, неколку пред Себастијан Фетел, чие заостанување во однос на водечкиот во генералниот пласман, Луис Хамилтон порасна на 67. бода.
Шампионатот на Формула 1 продолжува на 21.октомври, кога се вози Големата награда на САД.

Најново во Авто-мото