ГЕРМАНЕЦОТ КАЛКУЛИРА СО СВОЈАТА ИДНИНА

Фетел сака само едногодишен договор со Ферари?

Себастијан Фетел би сакал да добие само уште една година со тимот на Ферари, за да може да „брка" друго место ако не ја освои титулата со Скудерија

објавено: 7 август 2017 - 15:45

Неодамна, претседателот на Ферари, Серџо Маркионе најави дека преговорите околу договорот со Фетел и Кими Раиконен се при крај најавувајќи официјализирање на Италијанското ГП во септември.

Се веруваше дека Фетел би добил тригодишен договор со кој би останал во црвено до крајот на 2020 година, но сега се тврди дека тој сака едногодишен договор.

„Вистина е дека немам уште договор за 2018, но главната цел во моментов е да не се грижиме за хартија, туку да добиеме добри резултати. Не се брзам, и мислам дека и Ферари не се брзаат. Имам добар договор со тимот и ако тие велат дека нема проблем, тогаш нема проблем“, изјави Фетел.

Договорот на Луис Хамилтон со Мерцедес завршува на крајот на 2018 година, и бидејќи иднината на Британецот е непозната, Фетел би сакал да ја остави отворена опцијата за настап за „Сребрената стрела“.

Најново во Авто-мото