ГЕРМАНЕЦОТ ЌЕ СТАРТУВА ПРВ НА ТРКАТА ВО МЕКСИКО

Фетел со јубилејна 50 пол позиција во кариерата

Себастијан имаше одлично возење и во последните секунди од борбата за првото место, постави нов рекорд на патеката

објавено: 28 октомври 2017 - 21:08

Себастијан Фетел ќе стартува од првата позиција на утрешната трка за големата награда на Мексико. Германскиот возач имаше одлично возење во борбата за пол позиција и постави нов рекорд на патеката во Мексико, откако извозе со време од 1:16:448 минута.

За четирикратниот светски првак ова е јубилејна 50 пол позиција во кариерата. Покрај Фетел, од првиот ред на стартноцелната рамнина ќе биде Макс Верстапен. Првиот фаворит за титулата сезонава, Луис Хамилтон е на третата позиција, а неговиот тимски колега Ботас ќе стартува од четвртото место. Потоа следуваат Раиконен, Окон, Рикардо, Хулкенберг, Сајнц и Перез.  

Трката во Мексико ќе се вози утре во 20 часот по македонско време. Таа е 18 трка од шампионатот. На Луис Хамилтон му се потребни само уште девет бодови, за да ги направи неинтересни последните две трки од првенството кои треба да се возат во Бразил и Абу Даби.

Најново во Авто-мото