ПОЛЈАКОТ ИМАШЕ ФАНОВИ И НА ТЕСТИРАЊЕТО

Фетел со најбрзо време, сите очи вперени во Кубица

Себастијан Фетел ја возеше само утринската сесија, но постави најдобар круг на вториот ден тестирање во Унгарија, кое помина во знакот на враќањето на модерен тест на Роберт Кубица

објавено: 2 август 2017 - 18:30

Полјакот Кубица покажа дека не ги загубил квалитетите зад Ф1-болид, откако постави најдобро време за Рено на тестирањето во Унгарија и помина повеќе од 100 кругови во првиот настап со модерен болид.

Себастијан Фетел го имаше најдоброто време на тестот во средата, откако во утринската сесија постави круг од 1:17.124, време што остана недостижно до крајот на сесијата. Втор најбрз изненадувачки беше младиот возач на Мекларен, Ландо Норис со 0.261 секунди послабо време. Кубица имаше седмо најбрзо време.

32-годишниот Полјак Кубица имаше сериозни повреди на раката при несреќа во рели-трка во Италија во 2011 година, а оваа година двапати приватно тестираше со болид на Рено од 2012 година

Најавувајќи го тестот, Рено посочија дека главната цел е да се утврди дали би било можно Кубица „да се врати на натреварувањето во следните години“. Кубица во понеделникот го мина задолжителниот тест на ФИА за „извлекување“ од болидот под 5 секунди, што беше главна пречка поради неговата ограничена подвижност на десната рака.

Најново во Авто-мото