ФЕРАРИ НА ВРВОТ И ВО КИНА

Фетел со пол-позиција во Шангај

Возачот на Ферари, Себастијан Фетел ќе стартува од првата позиција во трката за Големата награда за Кина.

објавено: 14 април 2018 - 09:39

Возачот на Ферари, Себастијан Фетел втора трка по ред ќе стартува пред Мерцедес, доста интересно е што италијанскиот тим за пола секунда беше побрза од најголемиот ривал.
Иако заостануваше за Раиконен, Германецот беше одличен во финалниот дел и со време од 1:31,095 дојде до втората пол-позиција оваа сезона, вкупно 52. во неговата кариера.

Рајконен ќе мора да се задоволи со второто место (0.087), зад него заврши возачот на Мерцедес Валери Ботас со време 1:31.625.

Актулениот шампион, Луис Хамилтон ќе стартува од четвртото место бидејќи најбрзиот круг го мина со време од 1:31,675.

Најново во Авто-мото