ГЕРМАНЕЦОТ СО ЦЕЛОСНА ДОВЕРБА ВО СВОЈОТ ТИМ

Фетел вели дека Ферари ги знае своите слабости

Ферари ги идентификуваше слабите области на својот болид за 2017 година и разбира како да ги реши за да остане во борбата за титулата, вели лидерот во генерален пласман, Себастијан Фетел

објавено: 12 август 2017 - 12:30

Скудерија го има најконкурентниот болид во В6 ерата оваа сезона, по што ги предизвика Мерцедес за титулата кај конструктори, додека Фетел има 14 поени предност пред Луис Хамилтон.

Формата на двата тима се менува во текота на сезоната, а победата на последната трка во Унгарија беше во рацете на Фетел. Ова дојде по период на доминација на Мерцедес, по што многумина веруваа дека тие ќе ја добијат титулата со подобар развој. Истото го посочи и пензионираниот актуелен шампион Нико Розберг, меѓутоа Фетел верува во својот тим.

„Конкурентни сме на сите патеки досега. Вистина дека Мерцедес на некои трки беше побрз од нас, но на други патеки ние ја имавме предноста. Тоа е нормално. Имаме добро познавање на тоа што е потребно за развој на нашиот болид. Сега има време тие работи да се поправат. Последните години немавме ваков болид, но 2017 е навистина одлична досега“, вели Фетел.

Најново во Авто-мото