СЕ ПОМАЛКУ УБАВИНА ПОКРАЈ ПАТЕКИТЕ

ФОРМУЛА 1 ЈА РЕАЛИЗИРА „ЗАКАНАТА"- укинати се „грид-девојките"

И она што беше најубаво во светот на Формула 1, девојките кои ги најавуваат трките – веќе ќе го нема, почнувајќи од прата трка во новата сезона...

објавено: 31 јануари 2018 - 19:00

Со години наназад Формуила 1 шампионатот доживува пад во популарноста, а со тргнување на „девојките од стартот", се чини дека разочарани ќе останат и оние кои се решија сеуште да го следат овој спорт.

Моделите (женски), кои обично се користат во рекламни цели, оние на спонзорите на болидите, односно на конструкторите, повеќе нема да се појават на онаа стартно-целна рамнина кога ќе се возат трките од Ф 1 шампионатот.

Директорот на комерцијалните операции во Ф1, Шон Бречес изјави дека до овој потег дошло се со цел да „се спои со визијата за овој сјаен спорт, но и тоа дека овој обичај не е во согласност со вредностите и модерните друпштвени норми, и дека повеќе не важи за примерен".
Генералниот директор Рос Брон уште во текот на ланската сезона наави таква можност за „тргнување" на промотивните модели, а сега таа „закана" е реализирана во дело.
Новата сезона во Формула 1 шампионатот почнува на 25. март, со големата награда на Австралија во Мелбурн.
Без она најубавото, прекрасните манекенки „облечени" во боите на болидите.

Најново во Авто-мото