ДИЛЕМИ ЗА ПОЕФТИНА ФОРМУЛА 1

Формула 1 може да воведе стандардни делови?

Новиот шеф на Формула 1, Чејс Кери вели дека спортот може да воведе стандардни делови во обид да се намалат трошоците за тимовите

објавено: 11 август 2017 - 16:50
Буџетите на Ф1 тимовите се огромни, како 400 милиони евра на Ферари, но повеќето работат со помали буџети од стотина милиони евра. Барањето за да се намалат трошоците не е ново, но сепак, има многумина кои сметаат дека Формула 1 треба да биде на врвот на технолошкиот напредок, а не да се користат стандардни делови. Кери вели дека деловите би можеле да бидат стандардни без „заглупување“ на Ф1.
„Има многу патеки да се стигне до целта, како ограничување на буџетот, но можеме и да работиме на клучните компоненти на болидот. Не сакаме стандарден болид, бидејќи ова е спорт кој претставува и натпреварување на технологиите, но може да се направат стандардни делови“, вели Кери.
 

Најново во Авто-мото