ВОЗАЧИТЕ НА БЕЗБЕДНОСНОТО ВОЗИЛО ЌЕ ОСТАНАТ БЕЗ РАБОТА

Формула 1 наскоро со беспилотно безбедносно возило

Формула 1 може да воведе безбедносно возило без возач во иднина во обид да се промовира автономна технологија, открива ФИА

објавено: 21 август 2017 - 21:30

Иако повеќе пати од ФИА посочија дека возачите мораат да останат клучен дел од атракцијата на Ф1, во обид да се промовира поинаква технологија, шефот на техничкиот оддел на ФИА, Марсин Будковски признава дека наскоро може да има беспилотно безбедносно возило.

„Со тоа би се промовирала технологијата околу која има многу скептицизам и би се покажало дека таа функционира беспрекорно. Контролата ќе ја има компјутерот“, вели Будковски.

Минатата година се промовираше серијата „Роборејс“, која ќе оди паралелно со Формула Е серијата (Формула болиди на електричен погон), серија која ќе биде прва за беспилотни возила.

Најново во Авто-мото