Ќе има измени во календарот

Формула 1 вели добредојдовте Франција и Германија, Малезија остана без трка за следната сезона

Семејството на Формула 1 ќе биде проширено за уште една трка од следната сезона и наместо досегашните 20, пилотите ќе возат на уште една патека. Гран При Франција и Германија се враќаат во календарот на Ф1, а од календарот отпаѓа Големата награда за Малезија

објавено: 7 декември 2017 - 20:33

Семејството на Формула 1 ќе биде проширено за уште една трка од следната сезона и наместо досегашните 20, пилотите ќе возат на уште една патека. Гран При Франција и Германија се враќаат во календарот на Ф1, а од календарот отпаѓа Големата награда за Малезија.

Новата сезона ќе стартува со трката во Мелбурн, Австралија, на 25. март. Титулата ќе ја брани возачот на Мерцедес, и четирикратен шампион Луис Хамилтон.

Потоа според распоредот следат трките во Бахреин, Кина, Шпанија, Монако, Канада, Австрија, Велика Британија, Унгарија, Белгија, Италија, Сингапур, Русија, Јапонија, САД, Мексико, Бразил и Обединетите Арапски Емирати.

Најново во Авто-мото