И ПОКРАЈ КОНФЛИКТИТЕ НА ПАТЕКАТА

Форс Индија сака да ги задржи Перез и Окон

И покрај многубројните судири на патеките оваа сезона, Форс Индија сака Серхио Перез и Естебан Окон да останат во тимот и следната година, вели заменикот-шеф на тимот, Боб Фернли

објавено: 8 септември 2017 - 20:10

Перез и Окон се судрија четврти пат оваа година на Белгиското ГП, инцидент по кој Форс Индија мораше да им забрани да се тркаат еден против друг од следната трка во Монца. Тимот дури се закани со суспензија за еден од возачите ако продолжи ваквото однесување, но тимот сака да остане со возачите со кои повторно се на добар пат да го повторат најдобриот успех - четвртото место во генерален пласман.

„Ние сме целосно посветени да ги задржиме нашите возачи и тоа ќе биде првата цел. Но, пазарот на возачи е таков што неговите менаџери, посебно тие на Перез бараат алтернативи. Ќе ги чекаме, бидејќи само си ја вршат својата работа. Имаме фантастично партнерство кое е возбудливо и тешко за контролирање, но подобро да имаме проблем со брзи возачи, отколку со спори возачи“, вели Фернли.

Најново во Авто-мото