НАЈНЕОБИЧНИОТ БОЛИД ВО 2017

Форс Индија со розев болид!

Тимот на Сахара Форс Индија ја покажа својата нова шасија за оваа сезона, целосно во розево, по потпишувањето на партнерскиот договор со БВТ, најголемата европска компанија за технологија на вода

објавено: 14 март 2017 - 16:00

ВЈМ10 болидот ќе биде розев и сребрен за да се одбележи договорот со австриската компанија, а болидот во овие бои ќе дебитира на Австралиското ГП следниот викенд.

Тимот на Форс Индија ќе се обиде да ја подобри својата најдобра сезона во Формула 1 повторно со Мексиканецот Серхио Перез, а негов нов колега по заминувањето на Нико Хулкенберг е Французинот Естебан Окон.

Најново во Авто-мото