ФРАНЦУЗИНОТ НАЈВЕРОЈАТНО ЌЕ ГО ЗАМЕНИ САИНЦ

Гасли може да дебитира во Малезија

Пјер Гасли најави дека е во игра да дебитира во Формула 1 со тимот на Торо Росо во Малезија, доколку се оствари најавениот трансфер на Карлос Саинц во Рено

објавено: 11 септември 2017 - 15:24

Минатата недела, повеќе угледни Ф1-магазини објавија дека Саинц веќе има договор со Рено за 2018 година, но и дека може да дебитира и пред крајот на сезоната во францускиот тим на местото на Џолион Палмер. Саинц доаѓа во Рено како дел од големиот договор - Рено да биде снабдувач на мотори на Мекларен, Хонда да биде снабдувач на Торо Росо.

21-годишниот Французин Гасли, кој е дел од јуниорската школа на Ред Бул, е главен фаворит за испразнетото место во Торо Росо.

„Знам неколку работи кои се одвиваат во моментов. Ќе видиме во следните неколку денови. За мене би било неверојатно да се тркам во Формула 1. Тоа е мој сон за кој работам цела кариера. Сега, има доста време до следната трка и Малезија ќе дојде бргу. Се надевам дека ќе сум таму“, вели Гасли, кој стигна до својата втора победа во Супер Формула серијата овој викенд.

Најново во Авто-мото