ДАЛИ НАВИСТИНА ИМА ТАКВИ ИДЕИ?

„ГРИД ДЕВОЈКИТЕ" ЌЕ ГИ СНЕМА: Биле „демоде“?!

Сопствениците на Формула 1, американската корпорација „Либерти Медиа“, сериозно разгледува дали и понатаму е потребно пред стартот да се појавуваaт модели-промотери.

објавено: 15 декември 2017 - 11:00

Моделите покрај и на патеките каде се вози Формула 1, од „памтивек" биле составен дел од „најбрзиот циркус" на планетата.

И овој поубав дел од спектаклот, трае со години, има своја традиција, која сега се чини дека водечките луѓе, односно сопствениците на Формула 1, сакаат да ја прекинат.
Навистина изненадувачки делува нивното размислување, односно она на американскиот конзорциум „Либерти Медиа" според кое следува и разгледување околу моментот дали сиот тој гламур е потребен и во иднина?!
„Либерти Медиа" сериозно става многу дилеми пред стартот на секоја од трките, дали девојките-промотери да бидат измешани со натпреварувачите.
Едноставно, т.н. „Грид грлс" би можеле да бидат „укинати", а тоа го потврди и генералниот директор на Ф1, Рос Брон.

„Сакаме да го уважиме мислењето од сите страни. Постојат многу луѓе на кои им е важна традицијата. Но постојат и такви, и оние кои сметата дека 'девојките од стартот" се нето наадминато. Ги разгледуваме двата става"- рече Брос, со додавка дека сето ова изгледа доста деликатно.

„Грид" девојките се обично модели кои се користат во промотивни цели. Најчесто за рекламирање на спонзорите, чие име го носат на облеката. Тие држат чадори, или табли со имиња на возачите. А посл тркаа формираат шпалир низ кој поминуваат оние најдобрите и одат кон подиумот.

Најново во Авто-мото