ФИНСКОТО „ЛОБИ“ ВО ФОРМУЛА 1 РАБОТИ

Хакинен: Ботас е во „ситуација од соништата“

Поранешниот двократен светски шампион, Мика Хакинен вели дека неговиот фински сонародник Валтери Ботас се наоѓа во „ситуација од соништата", потврдувајќи дека се преговара за испразнетото место во Мерцедес по пензионирањето на Нико Розберг

објавено: 8 јануари 2017 - 19:30

Светскиот шампион од 1998 и 1999 година, Хакинен, помага во менаџирањето на кариерата на Ботас, за едно со Дидие Котон и со шефот на тимот на Мерцедес, Тото Волф.

„Ситуацијата за еден возач не може да биде подобра кога си посакуван од водечки тим, посебно од калибарот на Мерцедес, кој доминира последните години. Можам да замислам дека Валтери може да стане светски шампион“, вели Хакинен.

Најново во Авто-мото