ФИНЕЦОТ НЕ ЗАБОРАВИЛ НА СВОЈОТ ТИМ

Хакинен се враќа во Мекларен

Двократниот Формула 1 шампион, Мика Хакинен се врати во тимот на Мекларен како „партнер-амбасадор"

објавено: 16 март 2017 - 18:30

48-годишниот Финец настапи во 130 трки за Мекларен од 1993 до 2001 година, победувајќи во 20 од нив и освојувајќи ја титулата во 1998 и 1999 година.

Тој ќе работи со извршниот директор на тимот Зек Браун и маркетинг-одделот на тимот, во контакти со партнерите, а ќе работи и со Мајк Флуит, претседателот на Мекларен Аутмотив, компанија за производство на улични автомбили.

„Секогаш сум го сметал Мекларен како дом во Формула 1 и се уште има големо место во моето срце за сите во тимот. Последните години во Мекларен не се лесни, но мислам дека е само прашање на време кога повторно ќе станеме шампиони. Враќањето не беше тешко бидејќи никогаш не сум го загубил контактот“, вели Хакинен. 

Најново во Авто-мото