ФОРМУЛА 1: БРИТАНЕЦОТ ПОСЛЕ ПОБЕДАТА ВО АБУ ДАБИ

Хамилтон: Алонсо е легенда, ми беше привилегија да се борам со Фетел! (ВИДЕО)

Возачот на Мерцедес рече после денешната победа во трката во Формула 1 за Големата награда на Абу Даби дека му беше чест што оваа година се бореше за титулата со Себастијан Фетел од Ферари и му се заблагодари на тимот на одличната сезона, во која беа освоени титули во конкуренцијата кај возачите и конструкторите.

објавено: 25 ноември 2018 - 17:36

Во трката во Абу Даби Ф1 кариерата ја заврши Фернандо Алонсо од редовите на Мекларен.

„Ми беше задоволство што се тркав со овие шампиони. Се чувствувам привилегирано. Им се заблагодарувам на сите во Формула 1. Секогаш ќе бидам фан на овој спорт", рече двократниот светски шампион, Алонсо.

За Британецот Алонсо е вистинска легенда и привилегиран што се тркале заедно во текот на изминатите години.

„Во текот на целиот викенд ме прашуваа дали ќе ми недостасува. Не мислам дека може да ми недостасува некој друг возач, но ќе му недостасува на спортот и мене ќе ми недостасува во овој спорт", вели Хамилтон.

Најново во Авто-мото