БРИТАНЕЦОТ И МЕРЦЕДЕС БЕА НЕДОСТИЖНИ ЗА ФЕТЕЛ

Хамилтон без грешка во Спа, разликата сега само 7 поени (ОБНОВЕН)

Луис Хамилтон стигна до својата 58. победа во кариерата во 200. старт на „новиот старт" на шампионатот на легендарната Спа Франкоршамп, за да го победи асот на Ферари, Себастијан Фетел и да ја намали неговата предност на само 7 поени по 12 трки од шампионатот

објавено: 27 август 2017 - 15:38

Хамилтон, кој во саботата се израмни со Михаел Шумахер со 68 пол-позиции, немаше проблеми во ниту еден дел од трката, покажувајќи дека Мерцедес добро си ја завршиле работата и ќе биде многу тешко да се совлада нивната предност во финишот на шампионатот.

Британецот на крајот беше 2.3 секунди пред Фетел, кој не успеа во единствената шанса да го претекне Хамилтон по заминувањето на безбедносното возило, и сега возачот на Ферари ќе се надева на повеќе среќа (и моќ од моторот) на домашната трка за Скудерија во Монца за две недели.

„Ова беше навистина моќен викенд за тимот и за мене. Сите завршија фантастична работа и прекрасно е да си заминуваш од Спа со трофејот“, изјави Хамилтон по победата.

Фетел не беше премногу разочаран и од второто место.

„Беше навистина забавно и многу интензивно. Секој круг чекав Луис да направи грешка. По ре-стартот мислев дека не сум доволно блиску за претекнување. Болидот е добар и сега ја чекаме домашната трка“, изјави Фетел.

 

Подиумот го комплетираше Даниел Рикијардо во Ред Бул, откако со фантастично претекнување, тој успеа да ги помине и Кими Раиконен и Валтери Ботас. Ова е мала утеха за илјадниците холандски фанови на Ред Бул, откако нивниот херој, Макс Ферстапен повторно имаше проблеми со својот болид не ја комплетираше трката.

Хамилтон и Фетел беа на далечина од 1-2 секунди од почетокот на трката, меѓутоа во 29. круг, двојката на Форс Индија, Естебан Окон и Серхио Перез имаа необичен судир на „О руж“ и нивниот инцидент предизвика безбедносно возило, бидејќи патеката беше полна со делови од судирот.

Хамилтон се реши на „меки“ во споредба со „ултра-меките“ на Фетел, по што се жалеше преку радиото поради предолгото останување на безбедносното возило. Фетел се обиде да го помине ривалот на „Раидијон“ и „Ле комб“ кривините, но откако Британецот се одбрани, и на поспори гуми успеа да ја задржи разликата до крајот.

Рикијардо со комбинација на среќа и користење на шанси стигна до подиумот - Раиконен не успори под  жолто знаме и мораше да отслужи казна од 10 секунди во боксот, по што го презеде четвртото место, по што по безбедносното возило успеа да го претекне и Ботас за заслужено место на подиумот.

Нико Хулкенберг беше најдобар од „останатите“, со шесто место за Рено, додека Грожан и Маса го искористија хаосот за седмо, односно осмо место. Окон, кој сигурно ќе има што да разговара со колегата Перез, на крајот заврши деветти, пред Карлос Саинц во Торо Росо.

 

БЕЛГИСКО ГП

1.Луис Хамилтон (Мерцедес)

2.Себастијан Фетел (Ферари)

3.Даниел Рикијардо (Ред Бул)

4.Кими Раиконен (Ферари)

5.Валтери Ботас (Мерцедес)

6.Нико Хулкенберг (Рено)

7.Роман Грожан (Хас)

8.Фелипе Маса (Вилијамс)

9.Естебан Окон (Форс Индија)

10.Карлос Саинц Јуниор (Торо Росо)

11.Ленс Строл (Вилијамс)

12.Данил Квјат (Торо Росо)

13.Џолион Палмер (Рено)

14.Штофел Фандорне (Мекларен)

15.Кевин Магнусен (Хас)

16.Маркус Ериксон (Заубер)

НЕ ЗАВРШИЈА

17.Серхио Перез (Форс Индија)

18.Фернандо Алонсо (Мекларен)

19.Макс Ферстапен (Ред Бул)

20.Паскал Верлајн (Заубер)

 

ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН

ВОЗАЧИ

1.Себастијан Фетел (Ферари) 220

2.Луис Хамилтон (Мерцедес) 213

3.Валтери Ботас (Мерцедес) 179

4.Даниел Рикијардо (Ред Бул) 132

5.Кими Раиконен (Ферари) 128

6.Макс Ферстапен (Ред Бул) 67

7.Серхио Перез (Форс Индија) 56

8.Естебан Окон (Форс Индија) 47

9.Карлос Саинц Јуниор (Торо Росо) 36

10.Нико Хулкенберг (Рено) 34

11.Фелипе Маса (Вилијамс) 27

12.Роман Грожан (Хас) 24

13.Ленс Строл (Вилијамс) 18

14.Кевин Магнусен (Хас) 11

15.Фернандо Алонсо (Мекларен) 10

16.Паскал Верлајн (Заубер) 5

17.Данил Квјат (Торо Росо) 4

18.Штофел Фандорне (Мекларен) 1

КОНСТРУКТОРИ

1.Мерцедес АМГ 392

2.Скудерија Ферари 348

3.Ред Бул Рејсинг ТАГ Хојер 199

4.Форс Индија Мерцедес 103

5.Вилијамс Мерцедес 45

6.Скудерија Торо Росо Рено 40

7.Хас Ферари 35

8.Рено Ф1 34

9.Мекларен Хонда 11

10.Заубер Ферари 5

Најново во Авто-мото