НА БРИТАНЕЦОТ МУ СЕ ДОПАЃА НОВИОТ КОЛЕГА

Хамилтон: Ботас е најдобар бидејќи со него нема „игри“

Луис Хамилтон вели дека односот со неговиот нов клупски колега, Финецот Валтери Ботас уште сега е најдобриот во неговата кариера, бидејќи со него „нема игри"

објавено: 5 март 2017 - 21:25

Ботас дојде во Мерцедес како замена за пензионираниот светски шампион Нико Розберг, со кого Хамилтон беше колега четири години кои беа одбележани со многу конфликти надвор и на патеката, иако двајцата беа блиски пријатели во нивните јуниорски денови.

Сега, Хамилтон е подготвен за поинаква врска со колегата.

„Досега најмногу ми се допаѓа Валтери поради тоа што работата ја вршиме на патеката, а не надвор од неа. Нема игри, постои целосна транспарентност и тоа ми се допаѓа. Уште сега чувствувам дека имам најдобра можна соработка со еден возач во кариерата“, вели Хамилтон.

Најново во Авто-мото