БРИТАНЕЦОТ ПРЕД СИТЕ ВО МАЛЕЗИЈА

Хамилтон до пол-позиција број 70

Неговиот најголем конкурент за титулата Себастијан Фетел трката во Сепанг ќе почне од последната...

објавено: 30 септември 2017 - 14:15

Луис Хамилтон продолжува да го воодушевува светот во Формула 1. Британецот стигна и до својата 70. пол позиција во кариерата и ќе стартува од најдоброто место на утрешната трка за Големата награда на Малезија која се вози во Сепанг.
Беше за малку побрз од фаворитот во Сепанг, возачот на Феерари Кими Раиконен, иако овие квалификации ги одбележа другиот возач на „црното коњче", Себастијан Фетел.

Иако на тренинзите постигнуваа најдобри времиња, Германецот се реши да ја промени последната погонска единица, по што забележа голем хендикеп за време на квалификациската трка – не постави никакво официјално време. Па така единствениот конкурент на Хамилтон за титулата ќе ја почне трката од последното место.
Трет беше Макс Верстапен во Ред Бул, пред тимскиот колега Даниел Рикиардо.

Најново во Авто-мото