КВАЛИФИКАЦИИ ВО ЗНАКОТ НА СВЕТСКИОТ ШАМПИОН

Хамилтон доминантно до пол-позицијата, Ботас целосно го уништи болидот (ВИДЕО)

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон ќе стартува од првата позиција на првата тека од новата сезонава во Формула 1 која ќе се вози во Австралија.

објавено: 24 март 2018 - 09:06

Актуелниот шампион доминираше на тренинзите претходно, а денеска во квалификациите беше многу подобар од останатите и до пол-позицијата дојде за време од 1:21.164. Ова е нов рекорд на патеката Алберт Парк" кој е за 1.124 секунди подобар од досегашниот кој Хамилтон го постави минатата сезона.

Зад себе британскиот возач го остави Себастијан Фетел (+0.664) и Кими Рајконен (+0.674, како и Мак Верстапен и Даниел Рикиардо.

Вториот возач на Мерцедес, Валтери Ботас излета од патеката во третиот квалификациски круг, целосно го уништи болидот. Утре тој ќе стартува од последното место.

Најново во Авто-мото