НЕМА СТОП ЗА БРИТАНСКИОТ ШАМПИОН

ХАМИЛТОН ДОМИНИРА И ВО АМЕРИКА: Фетел веднаш до него, Ферстапен казнет

Во трката за ГН на Америка Британецот ќе тргне од најдобрата стартна позиција.

објавено: 22 октомври 2017 - 11:30

По 72. пат во кариерата и 11 пат во оваа сезона, Луис Хамилтон ќе ја има најдобрата стартна позиција пред почетокот на една трка. Така ќе биде и пред онаа за Големата награда на Америка, затоа што автомобилистот од В. Британија запиша уште едно најдобро време на тренинзите.

Хамилтон ќе има шанса уште на оваа трка да дојде до шампионскиот ловор. Но за да биде така, ќе мора да биде на некое место од подиумот, а притоа, неговиот конкурент Себастијан Фетел биде пласиран под позицијата 5.
Ќе биде тешко, ако се земе в предвид дека Германецот е веднаш до него, во првата линија на стартот на трката, а зад нив е Валтери Ботас.
Далеку назад пак ќе биде Макс Ферстапен. Младиот возач на Ред Бул е казнет со поместување за 15 позиции, па ќе стартува како последен.
Пред трката закажана за вечерва од 21. часот, казни заработија и Нико Розберг односно Стофел Вандорн.

Најново во Авто-мото