Треба да се случи чудо да не освои титула

Хамилтон е пресилен во Ф1, петта победа во Остин и три чекори до нова титула

Луис Хамилтон е несопирлив сезонава во Формула 1 и со нов триумф во Остин, за Големата награда на САД се доближи до нова титула. На три трки до крајот Британецот треба да освои само 3 бода за да биде шампион

објавено: 22 октомври 2017 - 22:44

Луис Хамилтон е несопирлив сезонава во Формула 1 и со нов триумф во Остин, за Големата награда на САД се доближи до нова титула. На три трки до крајот Британецот треба да освои само 3 бода за да биде шампион.

Фетел е втор, Ферстапен заврши како трет со подвиг во последните неколку метри, кога го мина Раиконен, но го загуби подиумот. При претркувањето тој ја напушти патеката и доби казна од пет секунди, што е доволно само за четвртото место.

Хамилтон сега има 62 победи во Ф1, пет во Остин и шест на Гран При на САД и е многу блиску до нова титула. Ќе му требаат само три бода на следните трки во Мексико, Бразил и Обединетите Арапски Емирати.

 

Најново во Авто-мото