МЕРЦЕДЕС НЕ ЈА „ДАДОА“ ПОБЕДАТА НА ШПАНСКОТО ГП

Хамилтон го надитри Фетел за шпанска победа!

Луис Хамилтон успеа да го победи Себастијан Фетел за победа на Шпанското ГП и намалување на предноста во генерален пласман на Германецот на само шест поени во необично интересна трка во Каталонија

објавено: 14 мај 2017 - 15:48

Хамилтон трката ја стартуваше од пол-позицијата, но веднаш беше поминат од страна на Фетел, и возачот на Ферари ја имаше предноста се до средината на трката кога двајцата возачи тргнаа со различна стратегија. Хамилтон реши да оди на „меки“ гуми, додека Фетел смени „средни“ гуми, и на крајот возачот на Мерцедес успеа да го помине Фетел и да ја заддржи предноста до финишот на трката.

„Момци што да ви кажам! Фантастична работа овој викенд ви благодарам многу. Стратегијата беше совршена“, изјави Хамилтон веднаш по трката.

Подиумот го комплетираше Даниел Рикијардо во Ред Бул, откако Кими Раиконен се судри на првата кривина со Макс Ферстапен и двајцата ја завршија трката таму, додека моторот на победникот од Сочи, Валтери Ботас не издржа цела трка.

Фетел го помина Хамилтон на првото место на стартот, додека зад нив Кими Раиконен, Макс Ферстапен и Валтери Ботас имаа тројна битка во првата кривина - Ботас го закачи Раиконен, кој заврши во Ферстапен и двајцата ја завршија трката.

Фетел направи предност на врвот пред да влезе во боксот на „меки“ гуми во 14-тиот круг. Мерцедес решија да го остават Хамилтон на патеката, и тој со серија брзи кругови направи предност. Тој влезе на „средни“ гуми и се врати зад Фетел, кој беше фрустриран зад Ботас, кој имаше долго излегување. Фетел успеа да го помине Ботас, почна да прави предност пред Хамилтон, пред тој да влезе во боксот поради „виртуелното“ безбедносно возило по излетувањето на Штофел Фандорне.

Хамилтон влезе уште еднаш во боксот за да стави меки гуми и да излезе на 24 секунди зад Фетел, но Германецот одговори со влегување во боксот во следниот круг и излезе веднаш до Хамилтон. По интересната битка, Фетел остана прв, меѓутоа пет круга подоцна не можеше да го сопре забрзаниот Мерцедес на Хамилтон. До крајот на трката стана јасно дека Фетел нема да може да го стигне Хамилтон.

Рикијардо го освои првиот подиум на осаменото трето место, додека Форс Индија имаа одлична трка за четврто (Серхио Перез) и петто место (Естебан Окон). Нико Хулкенберг беше шести за Рено, пред Паскал Верлајн кој ја помина целта како седми, но падна на осмото место поради казната од 5 секунди.

Карлос Саинц Јуниор беше седми за Торо Росо, Данил Квјат беше деветти, пред Роман Грожан. Фернандо Алонсо, кој стартуваше како седми, првпат оваа сезона заврши трка за Мекларен со 12. место.

 

ШПАНСКО ГП

1.Луис Хамилтон (Мерцедес) 1:35:56.497

2.Себастијан Фетел (Ферари) +3.490

3.Даниел Рикијардо (Ред Бул) +1:15.820

4.Серхио Перез (Форс Индија) +1 круг

5.Естебан Окон (Форс Индија) +1 круг

6.Нико Хулкенберг (Рено) +1 круг

7.Карлос Саинц Јуниор (Торо Росо) +1 круг

8.Паскал Верлајн (Заубер) +1 круг

9.Данил Квјат (Торо Росо) +1 круг

10.Роман Грожан (Хас) +1 круг

11.Маркус Ериксон (Заубер) +2 круга

12.Фернандо Алонсо (Мекларен) +2 круга

13.Фелипе Маса (Вилијамс) +2 круга

14.Кевин Магнусен (Хас) +2 круга

15.Џолион Палмер (Рено) +2 круга

16.Ленс Строл (Вилијамс) +2 круга

НЕ ЗАВРШИЈА

17.Валтери Ботас (Мерцедес) +28 круга

18.Штофел Фандорне (Мекларен) +34 круга

19.Макс Ферстапен (Ред Бул) +65 круга

20.Кими Раиконен (Ферари) +66 круга

 

ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН

ВОЗАЧИ

1.Себастијан Фетел (Ферари) 104

2.Луис Хамилтон (Мерцедес) 98

3.Валтери Ботас (Мерцедес) 63

4.Кими Раиконен (Ферари) 49

5.Даниел Рикијардо (Ред Бул) 37

6.Макс Ферстапен (Ред Бул) 35

7.Серхио Перез (Форс Индија) 34

8.Естебан Окон (Форс Индија) 19

9.Фелипе Маса (Вилијамс) 18

10.Карлос Саинц Јуниор (Торо Росо) 17

11.Нико Хулкенберг (Рено) 14

12.Роман Грожан (Хас) 5

13.Паскал Верлајн (Заубер) 4

14.Кевин Магнусен (Хас) 4

15.Данил Квјат (Торо Росо) 4

КОНСТРУКТОРИ

1.Мерцедес АМГ 161

2.Скудерија Ферари 153

3.Ред Бул Рејсинг ТАГ Хојер 72

4.Форс Индија Мерцедес 53

5.Скудерија Торо Росо Рено 21

6.Вилијамс Мерцедес 18

7.Рено Ф1 14

8.Хас Ферари 9

9.Заубер Ферари 4

10.Мекларен-Хонда 0

Најново во Авто-мото